И утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.
Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови.Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.
И утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.