Портата, симболот на Градскиот парк во Скопје, фонтаната „Лотос“ го добива својот сјај.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започната е целосна реконструкција на фонтаната сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено.Паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот добива нов, модерен и достоинствен лик. Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува, истакнува Ѓорѓиевски.