НАФТЕН ШОК на светските берзи: Цената на „Брент“ надмина 105 долари

Глобалниот енергетски пазар утрово е во знак на драматичен раст на цените, како директна последица на новата ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Двете клучни референтни нафти забележаа значителни поскапувања кои ги вознемирија инвеститорите и најавија нов бран на инфлација.

Американската лесна нафта (WTI) скокна за повеќе од 4 проценти, достигнувајќи вредност од 96,73 долари за барел. Сличен тренд следи и европската нафта „Брент“, чија цена се зголеми за 3,62 проценти и во моментов се тргува за 105,63 долари за барел.