Ждрепка за квалификациите за ЕУРО 2028 – Македонија во третиот шешир

Фудбалската репрезентација на Македонија, речиси сигурно ќе биде во третиот шешир кога ќе бидат одредени квалификациските групи за пласман на ЕП во 2028 година.

Ждрепката ќе се одржи на 6 декември, а шеширите ќе бидат формирани врз основа на настапот во Лигата на нации.Македонија во квалификациите нема да може да игра против: осово, Шкотска, Унгарија, Полска, Грузија, Романија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд.

Шешири за квалификациите за ЕП:

Шешир 1: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Грција, Холандија, Хрватска, Германија, Белгија, Италија, Норвешка, Данска.

Шешир 2: Велс, Турција, Србија, Чешка, Швајцарија, Австрија, Шведска, Украина, БиХ, Северна Ирска, Словенија, Република Ирска.

Шешир 3: Косово, Шкотска, Унгарија, Полска, Грузија, Романија, Македонија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија, Исланд.

Шешир 4: Финска, Луксембург, Естонија, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Казахстан, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Молдавија, Сан Марино.

Шешир 5: Малта, Литванија, Азербејџан, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн.

Квалификациите ќе се состојат од 12 групи, од кои половината ќе имаат четири репрезентации. Победниците од групите одат директно на ЕУРО 2028, како и осумте најдобри второпласирани репрезентации.