Денеска со голема радост ја пуштивме во употреба спортската сала во село Возарци, Општина Кавадарци, простор кој ќе биде центар за спорт, рекреација и дружење за младите и сите жители на ова населено место. Со оваа инвестиција создадовме подобри услови за развој на спортот и здравиот начин на живот, овозможувајќи им на младите генерации место каде што ќе можат да тренираат, да се натпреваруваат и да ги градат своите спортски кариери.
Продолжуваме со вложувања во инфраструктурата, затоа што секоја изградена сала, секој подобрен објект значи вложување во иднината на нашата заедница.