Во рамките на заложбите за спроведување на Охридскиот рамковен договор и унапредување на правата на помалкубројните етнички заедници, Министерството за односи меѓу заедниците редовно организира средби и дискусии со претставници на различни заедници, вклучително и влашката заедница. Во таа насока, денес во Кабинетот на заменик-министерот за односи меѓу заедниците г-дин Неждет Мустафа, беа примени претставници од Партијата на власите во Република Северна Македонија (ПВМ) во состав, Стерија Костовски-претседател, Ѓорѓи Ѓорѓиев-генерален секретар, Јанко Зербески-претседател на општинска организација Кичево и Христо Зербски-член на републички одбор. На средбата, Заменик-министерот за односи меѓу заедниците ја истакна важноста за целосно спроведување на вредностите зацртани во Охридскиот рамковен договор во однос на помалкубројните заедници, на патот кон ЕУ и недосмислено ја потенцираше својата истрајност и посветеност, како и посветеноста на Министерот Иван Стоилковиќ, да не се изостави никој на овој пат и секој да се чувствува еднаков помеѓу еднаквите.
Неждет Мустафа, беа примени претставници од Партијата на власите во РСМ
