Нашата цел е усогласувањето со европското право да го преточиме во побезбедна вода за граѓаните, почисти реки и воден сектор поотпорен на климатските промени. Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект, порача Лашкоска.Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на министерската тркалезна маса „Усогласување со европското законодавство и управување со водните ресурси во Западен Балкан“, во рамки на Евромедитеранскиот форум за води, кој се оддржа во главниот град на Италија, Рим.
Во своето обраќање, Лашкоска истакна дека нашата држава продолжува со усогласувањето на националното законодавство со европското право, со цел европските стандарди да се преточат во конкретни подобрувања за граѓаните и животната средина.