СТОП ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ за деца под 15 – Турција со радикален закон

Турскиот парламент донесе радикален закон со кој официјално се забранува користењето на социјалните мрежи за сите лица помлади од 15 години. Според новата регулатива, дигиталните платформи се законски обврзани да воведат софистицирани системи за проверка на возраста, со што ќе се оневозможи отворањето профили на децата. 

Овој закон, кој треба да стапи на сила по шест месеци, им дава на родителите поголема моќ преку нови алатки за контрола на времето поминато пред екраните. Дополнително, платформите се соочуваат со строги рокови, па во итни случаи ќе мора да отстрануваат штетна содржина во рок од само еден час.