Сите ние делиме иста судбина.
Денес оддадовме почит на припадниците на Министерството за внатрешни работи кои ги загубија своите животи во авионската несреќа со претседателот Борис Трајковски.
Луѓето минуваат, но нивните дела остануваат. Борис Трајковски ќе остане запаметен по неговата посветеност на мирот, единството и визијата за евроатлантска Македонија.
Имав чест да бидам дел од неговиот тим, лично да ги доживеам неговите вредности и да го разберам аманетот што ни го остави – за силна, обединета и напредна Македонија. Тоа останува наша заедничка мисија.