Единствениот претставник на Македонија во овогодинешното финале на „Звезда Гранда“ , Никола Станишиќ, секако ги направи својата земја и својот народ горди по својот настап на вечерта на одлучувањето, пишува официјалниот портал на шоуто Grand Online.За време на неговото натпреварување, членовите на жирито беа воодушевени од толкувањата на македонски јазик, па Никола реши да остане верен на она што најмногу му одговара за финалната вечер, а тоа се македонските народни песни.Како и секогаш насмеан и весел, Никола вечерва ја плени сцената со својата насмевка, а совршено изведе три песни на македонски јазик – „Учи ме мајко“, „Тешко мина докторе“ и „Ќе ти дојдам вечер јас на постела“.Никола беше придружуван од членови на ансамбл, па на сцената стоеја фолклорни играорци облечени во народни носии, а по нив следеа музичари кои удираа на тапани и свиреа зурли.На самиот крај од претставата, Никола се искачи на двата тапана што музичарите ги поставија на сцената и предизвика овации кај публиката во студиото.
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Никола ја направи вечерва Македонија горда – ако финалето го доживееше својот крај, големи беа шансите да победи!
