Македонската репрезентација до 21 година конечно ја извојува првата победа на Светското младинско првенство во Полска и славеше над селекцијата на Мексико со конечни 41-21.
Мексиканците не претставуваа сериозна закана за избраниците на Раде Стојановиќ, кои покажаа дека се далеку поквалитетен тим и заслужено победија со голема разлика. На паузата Македонија водеше со убедливи 9-21, а во второто полувреме само рутински ја доработи задачата.Во неколку наврати имавме предност и од шеснаесет гола, а тоа доволно зборува за разликата во класи. Конечните 41-21 беа вистински приказ на случувањата на теренот.
Најефикасен во нашиот состав беше Дамјан Субашевски со 12 гола, два помалку даде Димитар Узунчев, а перфектен учинок (7/7) имаше Ненад Белистојаноски.Македонија ќе биде трета во својата група на Президент Купот и најверојатно ќе се соочи со селекцијата на Бразил, со која ќе разигруваме за позициите од 25. до 28. место на Мундијалот.