Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), беше застрелан пред неколку часа, околу 12 и 30 по локално време, за време на настан на Универзитетот Јута Вали.Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или го немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth social.
„Во чест на Чарли Кирк, вистински голем американски патриот, наредувам сите американски знамиња низ Соединетите Американски Држави да бидат спуштени на половина јарбол до недела навечер во 18 часот“, додаде Трамп.