
Сигурно сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување.

Низ историјата во Европа и светот лотариите што се управуваниод државата се основани со цел поддршка на заедницата. Тоа е имисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредувањеигри на среќа, за граѓаните на територија на Република СевернаМакедонија, да инвестира во поддршка на општеството инеговиот развој. Компанијата на којашто еден од столбовите настратегијата е директната инвестиција во општеството, дополнително создава можност за граѓаните над 18-годишнавозраст преку учество во игрите на среќа да се вклучат во тојголем круг на заемна поддршка. Кога еден учествува во игритена среќа на Државна лотарија, сите добиваат: во континуитет, одсекоја поединечна уплата се одвојува процент во републичкиотбуџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Во последната година, низ интензитетот на своето присуствокако поддржувач на манифестации и иницијативи во културата, спортот, науката, образованието и проекти од јавен интерес соцел збогатување на квалитетот на содржините на заедницата инејзино зајакнување, компанијата се истакнува како препознаени активен член на општеството.

Кога зборуваме за поддршка на настани на полето на културата, присуството на брендот на Државна лотарија потврдува декакомпанијата се залага за градење вредности, за проширување навидикот и за негување на традицијата. Исто така, се залага и зазбогатување на содржините во заедниците, за што се доказ имногубројните настани во последната година − празничнообележана со настаните „Зимска бајка“, коишто преку театарска претстава и настап на македонски поп-пејачи во скопските општини внесоа празничен новогодишен дух.

Препознавање на потребата од збогатување на нашата културнасцена се огледа низ поддршката на големи културниманифестации меѓу коишто: фестивалот „Видик“ спој налитература, музика, театар, дизајн и филм, со хуманитаренкарактер; манифестацијата „Ѓура Мара“ − симбол на локалниотидентитет и носител на културниот континуитет; најпопуларнатазабавна музичка манифестација „Златна бубамара“ напопуларноста; гала концертот на Вејчеслав Поповски –македонски академски оперски пејач и мајстор за изработка нагудачки инструменти.

Под логото на Државна лотарија, на македонските сцениуживавме во изведбите на: еден од најголемите тенори на денешницата − Пласидо Доминго (Placido Domingo); на легендарните Масив Атак (Massive Attack) и Армин ван Бјурен (Armin Van Buuren) – имиња што инспирираат генерации; на светската поп-ѕвезда Џејсон Деруло (Jason Derulo), а сведоци бевме и на долгоочекуваниот концерт на култниот австралиски музичар Ник Кејв (Nicholas Edward Cave).

Државна лотарија се гордее што во милјето настани од културатаподдржани само во последната година се концерти од светскиразмери, но и домашни манифестации и настапи на македонскиуметници и културно-уметнички друштва.

Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествена одговорност, компанијата ја потврдува својата улога на промотор на етичко работење со фокус на инвестирање во заедничкото добро, активен член на општеството и партнер на општествениот развој. Компанија што преку одговорно приредување игри на среќа ја реализира својата мисија посветена на благосостојбата на заедницата во којашто, кога еден учествува во игри на среќа на Државна лотарија, сите добиваат.








