Силен ракометен турнир ќе се игра во Охрид

Квалитетен меѓународен ракометен турнир со осум екипи од 19 до 23.август ќе се игра во Охрид. Натпреварите ќе се играат во салата во СРЦ „Билјанини извори“, а годинава ќе биде четвртото издание на турнирот „Крсте Андоновски“.Квалитетен меѓународен ракометен турнир со осум екипи од 19 до 23.август ќе се игра во Охрид. Натпреварите ќе се играат во салата во СРЦ „Билјанини извори“, а годинава ќе биде четвртото издание на турнирот „Крсте Андоновски“.

Осумте екипи ќе бидат поделени во две групи по четири екипи. „А“ групата ќе ја сочинуваат: Охрид (домаќин), Партизан (Србија), Нексе (Хрватска) Киндил (Фарски острови), а во „Б“ групата ќе играат: Вардар, Еурофарм Пелистер, Динамо Панчево (Србија) и Тримо Требиње (Словенија), кој е замена за АЕК (Грција).