Цела недела ќе биде сончево и многу топло, температури до 40°C

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот.Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот.Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.