Одбраната на Раде Трајковски – Штекли пред месец и половина доставила вештачење до судот дека тој не е психичи способен да го следи судењето, дека имал шизофренија, халуцинации дека го следи албанска мафија и дека треба да се лекува на Клиниката за психијатрија.Од друга страна, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од судот побара Штекли во притвор да го посетат други психијатри и да направат дополнително вештачење. Таму го посетиле психијатри од Психијатриската болница во Бардовци и тие, спротивно на вештите лица на одбраната, утврдиле дека Штекли е здрав и свесен, пресметлив и дека може да го следи судскиот процес.Дали Штекли е психички способен да го следи судскиот процес против него, е прашање кое треба биде одговорено на следното судско рочиште на кое ќе се сослушаат сите вешти лица за да може судечкиот совет на чело со судијата Илија Трпков да донесе одлука.Именом вештакот ангажиран од одбраната заклучил дека Трајковски не може да се застапува на Суд и оти треба да оди на лечење на Клиниката за психијатрија.Од пред три години Трајковски има свој имагинарен учител кој го подучува на патот на вечниот живот има бизарни идеи кои го преокупираат, поставил камера дома бидејќи го преокупираат мисли дека албанската мафија се здружила против него. Има халуцинации нарушено доживување на телото и органите, шизофренија како психотично растројство, напишал психијатарот Ѓорге Хаџи Ангеловски ангажирн од одбраната.
Спротивно на вештачењето на одбраната вотоа на ОЈО направено од психијатар Оливера Суботин Поповска од болницат Бардовци се заклучува дека обвинетиот може да го следи судењето, расудува и е пресметлив. За следното рочиште вештаците треба да ги објаснат своите дијагнози пред Судот. Минатото рочиште се одложи бидејќи Трајковски доби епилептичен напад во затворот Шутка и наместо на судење го однесоа на Клиника за неврологија.
Штекли заедно со уште девет лица се обвинети за трговија со дрога. Како што соопштија претходно од Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно поделени улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуницирале преку Снепчет, а клучни докази биле добиени преку „Cellebrite“ системот за анализа на телефони, донација од САД.