Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци.За морбидниот чин искористил стаклено шише, а до инцидентот, според информации на „Скопје1“ дошло по кавга за легло.
Во кругот на болницата, убиецот е познат како проблематичен пациент, со кој тешко се справувале и вработените.За потсетување, Спасов ја уби сопствената мајка на 23 годишна возраст, која работела како хигиеничка. По убиството се огласи на „Фејсбук“ каде напиша „Фала ви на сите, г…а, еве ви ја, ја заклав, ја угушив“.
Во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, Спасов е сместен уште од 2012 година. Првата одлука за ваков третман ја донесе велешкиот суд, откако психијатри од Клиничкиот центар во Скопје го прогласија за непресметлив.
Според вештите лица, Спасов во моментот на убиството на мајка му, бил во параноична хауцинирачка состојба.По убиството на пациентот, тој и натаму е во болницата, затворен во собата каде го изврши злочинот. Жртвата на Спасов, е лице со иницијали И.Т., чие тело е предадено на обдукција.