Oфицијално Лука Дончиќ останува во ЛА Лејкерс

Лука Дончиќ останува во жолто-виолетовиот дрес. Лејкерс денес објавија дека словенечкиот кошаркар потпишал нов договор во траење од три години, вреден 165 милиони долари, а веста ја потврди и самиот кошаркар.

Овој потег го поставува Дончиќ како долгогодишно лице на франшизата, со опција за играчот во 2028 година, кога би можел да добие дури и петгодишен мега-договор над 400 милиони долари.Дончиќ моментално е во САД на турнеја со “Jordan Brand”, но наскоро се враќа во Словенија за подготовките со националниот тим пред Евробаскетот на крајот на август.