Душко Чифлиганец беше пасиониран учесник во брзинскиот мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе а во последните две години се вклучи и во меѓународните натпреварувања.По тешка несреќа што се случила во Чешка, почина Душко Чифлиганец, генерален менаџер на компанијата „Адора“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога Душко паднал од висина и се здобил со сериозни повреди на мозокот. По повеќе од 24 часа борба за живот во чешка болница, лекарите, и покрај сите напори, не успеале да го спасат.
Веднаш по инцидентот, Душко бил во ложа здравствена состојба, лекарите правеле сè што е во нивна можност да го спасат додека бил приклучен на апарати за одржување во живот.Познат по својата страст кон мотори и автомобили, Душко имал освоено повеќе награди во областа на брзинскиот мотоциклизам. Воедно, тој долги години живеел во Дубаи, каде завршил и дел од своето високо образование.
Душко Чифлиганец беше пасиониран учесник во брзинскиот мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе а во последните две години се вклучи и во меѓународните натпреварувања.
Тој беше познат и како активен учесник во хуманите активности на групацијата, која своите дејности од оваа област ги спроведува и во Србија, преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ.
На минатогодинашниот The Economist MeetUp во Скопје, говорејќи на панелот „Бизнис, закон и заедница“, на тема „Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст“, Чифлиганец, на почетниците во претприемништвото им порача на прво место да го ставаат својот интегритет, да работат етички, морално и чесно, без алчност.„Не треба да сме алчни, не е сè во профитот и материјалното. Живееме во свет кој урива рекорди на нарушено ментално здравје и нарушени меѓучовечки односи од секаков вид. Забораваме дека пред сè, треба да сме луѓе и тоа секојдневно да го комуницираме едни кон други. Бизнис лекциите се важни, но на крајот на денот, поважно е да заспиваме и да се будиме со добра мисла, со мирен ум и спокој, и да бидеме богати со оние најскапи работи околу нас, оние работи што не се купуваат со пари“, порача Чифлиганец.