НАЈНОВА ВЕСТ: Лице од позната фамилија од Арачиново фатено на дело со изнудени 165.000 евра!

Со месеци закани, со години рекет, стотици илјади евра исцицани преку страв и уцени – денес заврши!

Бирото за јавна безбедност удри прецизно и директно. Лице фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. Нашите извори велат дека ова е порака, нема веќе „газди“ над законите. Нема веќе рекет врз чесни граѓани. Нема повеќе молк пред заканите.Со ова полицијата уште еднаш секој ден, со секој чекор праќа силна и јасна порака до секој еден што мисли дека е над правото и законите.