По повод 2 Август – Денот на сеќавање на Ромскиот холокауст (Самударипен), вечерва се одржа театарска претстава во организација на Сојузот на Ромите во Република Хрватска „Кали Сара“ и Европската комисија. Настанот беше посветен на сеќавањето, достоинството и отпорот на ромската заедница.
Во претставата учествуваа млади Роми од Хрватска, Италија и Шпанија, кои преку сценска изведба ги оживеаја ромските приказни од своите земји – секоја уникатна и длабоко вкоренета во нивната култура, а сепак поврзана со заедничка нишка на искуства, преданија и преживеан колективен идентитет.

Претставата беше спој на традиција и современа уметност, исполнета со емоција, вистина и глас на младите генерации. Младите актери не само што ја раскажаа историјата на својот народ, туку и се соживеаја со неа – носејќи ја на сцена со гордост, силна емоција и достоинство.
И сè уште сме под силни импресии.
Младите Роми ја раскажуваат историјата што никогаш не смее да се заборави.Овој настан претставува важен чекор кон културна поврзаност, транснационална солидарност и зачувување на ромскиот колективен меморијал – преку уметност, младост и гласот што сè погласно одекнува:
„Ние сме тука. И се сеќаваме.“
За никогаш да не се повтори.
NAJSEN BISTARDE!
