Доста се поделби! Доста беше молчење!
Нашите млади се иднината на Шуто Оризари, а ние ги оставаме без надеж.Немаат доволно работни можности, немаат простор да ги развијат своите таленти. Ова не е случајно – ова е последица на нашата поделба и неактивност!

Додека ние се расправаме кој е „поважен“, младите ги пакуваат куферите и заминуваат. Додека се делиме по партии и фамилии, други одлучуваат за нашата судбина. Време е тоа да престане!
Единството е нашето најсилно оружје. Ако сме заедно, можеме да изградиме Шуто Оризари каде младите ќе имаат квалитетно образование, вистински работни места, спортски и културни можности. Ако сме заедно, можеме да привлечеме инвестиции и да создадеме иднина тука, дома во Македонија.
Ова не е само повик – ова е обврска, обврска за самите нас,нашите деца и роднини !
Нашите млади заслужуваат да останат, да бидат успешни и горди што се од Шуто Оризари. А тоа зависи само од нас – денес, сега!
Запомнете: Кога сме заедно – сме непобедливи! Кога сме поделени – младите ја губат својата надеж, иднина и заминуваат низ целиот свет за подобра иднина !
Време е за будење, време е за акција, време е за обединување!
РОМ РОМЕСКЕ.