Летниот одмор во Охрид заврши трагично за турист од Србија

МВР со детали за несреќата во Охрид каде беше пронајдено починато машко лице.– На 20.07.2025 година во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице. Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.