Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски го одржа првиот собир од подготовките за престојните претквалификации за Светското првенство кое ќе се одржи во 2027 година.
„Жалосно е што стигнува информација од самите играчи и од клубовите која за мене е неприфатлива како „Не е страшно ова се претквалификации за Светско првенство, сите ќе бидеме тука за Европско“. Тоа е едно такво селектирање индивидуално кое е неблагодарно. Јас верувам дека овие играчи кои се денеска тука ќе имаат простор и во иднина и од тука ќе направиме еден пресек на тоа што значи и како се размислува за репрезентацијата“, изјави Илиевски.Македонија нема да настапи со најсилниот можен состав, но Илиевски има цел да ја подмлади репрезентацијата и верува дека оние кои ќе го облечат „црвено-жолтиот“ дрес ќе дадат се од себе за победа на Македонија.
„Мојата цел е конечно да добие простор некој од помладите играчи особено во бековската позиција каде имаме квалитетни играчи ако се во добар здравствен биланс. Ќе цениме тука да покажеме една нова енергија која ќе следи во иднина и ќе биде позитивна за се тоа што доаѓа.