По повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство на Република Туркије, во организација на амбасадата на Република Туркије во Скопје, учествував на свечен настан по покана од амбасадорот Н.Е. Фатих Улусој.

Во своето обраќање, амбасадорот го истакна значењето на солидарноста, демократијата и заемната поддршка меѓу народите, упатувајќи апел за уште поцврста соработка меѓу двете земји, заснована на заедничките вредности и меѓусебно почитување.
Настанот заврши со молитва за жртвите од обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, оддавајќи им почит на сите кои ги положија своите животи во одбрана на демократијата и уставниот поредок на Туркије.
