Лион ќе биде исфрлен од Европа.

Лион беше исфрлен во втората француска лига од поради долг кој не беше наплатен на време. Како што стојат работите сега, УЕФА ќе реагира на ист начин и ќе го исклучи тимот од своите натпреварувања.

Олимпик Лион заврши на петтото место, со што обезбеди директен пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Очигледно, Лион нема да игра таму, а два француски клуба би можеле да имаат корист од таа одлука.Стразбур ќе игра во Лига Европа наместо во плејофот на Конференциската лига, додека Ланс, кој беше седми во Лиг 1, ќе добие шанса во третолигашното европско клупско натпреварување.

Сѐ уште се чека потврда од УЕФА, но како што стојат работите сега, малку е веројатно дека нешто ќе се промени во оваа насока. Лион најави жалба до Лиг 1, но според информациите од Франција, тоа ќе биде само протоколарно прашање.

Лион во својата историја, која датира од 1950 година, има 9 сезони играно во Лиг 2, а последен пат таму беше во 1988/1989. Оттогаш 7 пати беше шампион на Франција, двапати го освои Куп де Франс, еднаш Куп де ла Лиг и 7 пати францускиот Суперкуп.19 пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите со вкупно 148 одиграни натпревари, вклучувајќи ги и квалификациските и оние од нокаут-фазата. Во два наврата стигнуваше на чекор од финалето, но не успеваше да го мине полуфиналето. Двапати пречката беше Баерн, првиот пат во сезоната 2009/2010 загуби со вкупни 4:0, а во 2019/2020 во посткарантинската завршница загуби 3:0 во еден натпревар.