Судот го ослободи таткотото на Вања, Александар Ѓорчевски од обвинението, судските трошоци за него паѓаат на товар на државата.
Ѓорчевски во текот на судењето тврдеше дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. Претходно судот ги осуди обвинетите Палевски, Манев, Кешишев и Видевски на доживотна казна затвор.