Јанис Сферопулос е на мета на навивачите на Црвена звезда, со закани и навреди откако неговиот тим доживеа нов неуспех. По елиминацијата во полуфиналето на регионалната АБА лига, Звезда сега испадна и во полуфиналето на српската Суперлига – и тоа од Спартак Суботица, што предизвика гнев кај дел од навивачите, кои вината за неуспешната сезона ја насочија кон тренерот.
На социјалната мрежа X, каде што беше активен, Сферопулос беше нападнат со бројни навредливи и заканувачки пораки. Некои од нив беа дури и со содржина во која му се посакува смрт – гнасни и шокантни пораки кои го натераа грчкиот стратег целосно да го избрише својот профил.