Особено сум горд што денес, заедно со министерот за внатрешни работи, г. Панче Тошковски и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, го отворивме реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ.

Постојано потенцираме дека управните служби се лицето и на државата и на министерството. Ова е објект со кој може сите да се гордееме и нa кој може да ни позавидат и многу поразвиени држави. Но, џабе ако не го почитуваме и не го одржуваме. И вработените, но и граѓаните.

Се надевам дека сите ќе имаат пријатно искуство, како вработените во работењето, така и граѓаните додека имаат потреба од некаква услуга.

