Деспотовски: Одбраната мора да е перфектна со Белгија

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија и Казахстан. Дебитантот во нашата репрезентација, Стефан Деспотовски смета дека против Белгија мора да бидеме перфектни доколку сакаме да оствариме позитивен резултат.

„Секако дека е убаво чувството првпат да си тука, одлично сум прифатен од тимот. Белгија е еден силен тим, но ние ако не дозволиме на ривалот да ја игра неговата игра, имаме шанси. Мора да ги испочитуваме сите работи кои селекторот ќе ни ги каже и мислам дека сме спремни за првиот меч. Со секоја репрезентација има доза на притисок, но ние се подготвуваме за тоа и сметам дека се ќе биде во ред. Најпретпазливи мора да сме во одбраната и блокот. Тој сегмент на играта мора да е перфектен“, изјави Деспотовски.Натпреварот меѓу Македонија и Белгија се игра на 6 јуни на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.