Во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести денеска беа упатени двајца пациенти сомнителни дека имаат мајмунски сипаници (Monkeypox). Институтот изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на мајмунски сипаници.
Институт за јавно здравје: За првпат во Македонија мајмунски сипаници, заразени се две лица во Скопје
