Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, маѓу народот познат како Ѓурѓовден. Денот на светиот великомаченик Георгиј секоја година се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Во народната традиција Ѓурѓовден се смета и за празник на обновувањето на природата, раззеленување на вегетацијата и враќање на животот по пасивниот зимски период.
Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, маѓу народот познат како Ѓурѓовден. Денот на светиот великомаченик Георгиј секоја година се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Во народната традиција Ѓурѓовден се смета и за празник на обновувањето на природата, раззеленување на вегетацијата и враќање на животот по пасивниот зимски период.
Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.
Според неговото житие од календарот на МПЦ-ОА, свети Георгиј Победоносец е роден во Кападокија од богати и благочестиви родители околу 270 година. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина.
Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но при сите овие маки Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога Св. Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осуди Свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат. Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април) 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот великомаченик.Освен празникот Ѓурѓовден што се слави на 6 мај (23 април) нашиот народ одбележува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни служби (слави). На 16/3 ноември, на денот кога е обновен храмот на св. Георгиј во Лида, се празнува празникот познат како Ѓурѓиц, а на 9 декември (26 ноември, с.с.) празникот познат како Св. Ѓорѓи – Посен.
Тропар
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомачениче Георгие, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.