Многу наши граѓани наседнуваат на овие превари
Во последно време на интернет се случуваат најразлични превари што оставија многу наши сограѓани со празни џебови.
Од оние што преку СМС ви пристигнува порака во врска со непостоечка пратка (види тука), па до огласите кои нудат парични позајмици, измамниците се присутни насекаде и навистина смислуваат генијални начини како да дојдат до вашите пари. Тие најчесто се преставуваат како правни или физички лица, а од оштетените лица бараат или да им уплатат пари за некои наводни трошоци, или пак бараат да дојдат до податоците од вашите кредитни картички.
Измама преку СМС
Па така на интернет постојат и бројни лажни продавници кои наводно продаваат брендирана облека или обувки за многу пониски цени, па откако ќе ги внесете податоците од картичката и ќе извршите уплата, не само што ќе останете без парите, туку можат да ви ги соберат и сите останати што ги имате на картичката.Токму таква една измама овие денови ни откри еден читател, кој сакаше да остане анонимен, но во исто време сакаше да ги предупреди останатите како и на некој друг не би му се случило истото.Многумина ќе ги испратат податоците
Имено, ова лице на неколку странски страници на Фејсбук споделил фотографии што ги правел со телефонот.Фотографирањето му било хоби, па преку овие страници разменувал искуства со луѓе од целиот свет во врска со оваа негова пасија која што, за жал, овој пат поприлично скапо го чинела.Една сомнителна порака
Како што ни објасни во неговата порака, деновиве го контактирала една девојка преку Фејсбук , која се преставила дека работи за странска компанија и дека сакале де ги откупат правата за неколку негови фотографии. Нејзиниот профил воопшто не изгледал сомнително, како ни разговорот, така што на крајот, кога се договориле за сумата што требало да му биде уплатена, а која воопшто не била мала, му побарале да ги испрати податоците од картичката.