Неждет Мустафа заменик министер:

Денеска учествував на меѓународната конференција „Понатамошен развој на Унгарската национална ромска платформа 2024“, каде што темата беше насочена кон развивање на услуги кои промовираат еднакви можности. Имав чест да бидам дел од ова значајно случување, каде што во моето обраќање и за време на дискусиите, ги нагласив предизвиците со кои се соочува ромската заедница – за успорениот развој, за еднави можности за прогрес, нагласување дека Ромите не се проектна заедница туку системска обврска, за демократскиот изборен глас како наша иднина, како и споделување на препораки за решавање на проблеми кои се глобални и бараат заеднички, интернационални напори.

Особено истакнав дека за овие решенија да бидат ефективни и одржливи, неопходно е
активно вклучување и на другите заедници, како и на мнозинството во секоја држава. Само така можеме да градиме инклузивни општества и инстиционално-системска вклученост.

Утрово, пред почетокот на конференцијата, имавме пријатна средба на утринско кафе во кабинетот на државниот секретар за социјална инклузија при Министерството за внатрешни работи на Унгарија, г-дин Атила Штојка и истовремено организатор на овој настан. Разговаравме за тоа на кои сегменти треба да се насочат идните активности и политики за поддршка и интеграција на Ромите на европско ниво.

Вчера вечер пак, присуствував на гала вечера организирана за меѓусебно запознавање и вмрежување на учесниците – важен момент за градење на меѓународна соработка и партнерства.

Се заблагодарувам за поканата и организацијата – соработката на меѓународно ниво е клучот за заеднички напредок.