На сите верници ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден.
Од срце ви посакувам празникот на Христовото Воскреснување да го дочекате во добро здравје, исполнети со мир, хармонија, радост и со среќа. Токму во овие празнични денови, инспирирани од Христовата победа над смртта, да ги обновиме и верата и надежта и вдахновени да правиме добри дела и да даруваме безусловна љубов.
Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација. Да подадеме рака на сите кои што се во неволја и на кои што им е потребна помош, следејќи го примерот на Исус и поучувајќи се од неговите зборови.
Нека е за многу години големиот празник!
Христос воскресна!
Навистина воскресна!