Во тој поглед, не треба да се грижите за Македонија. Таа навистина е на добар пат, нагласи Кос.Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.– Во тој поглед, не треба да се грижите за Македонија. Таа навистина е на добар пат, нагласи Кос.
За жал, според неа, ова не може да се каже и за Босна и Херцеговина, која не може ни да се вклучи во Планот за раст, бидејќи се уште не ја доставила својата Реформска агенда до ЕК, ниту пак именувала свој главниот преговарач.– Знаете, работите кои се толку нормални или лесни во другите земји, во Босна, особено при сегашната институционална криза, се многу потешки, додаде Кос