ОЈО потврди: Во тек е акција за приведување на повеќе лица

Оттаму додаваат дека надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек.По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдуваат од Обвинителството.Според најновите информации на КУРИР со новата акција опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.

По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами.

Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.

Оттаму додаваат дека надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек.Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.