Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат.Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси.
Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство, сопругата и трите деца.
Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот.