Попладнево се прегазени жена и дете на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2 на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол.

Како што дознаваме од очевидци, жената била однесена со автомобил во тешка состојба, а детето лежело на тревник.

Набргу пристигнале две возила на Итната помош, кои го земале детето, зашто имало опасност дека му е повреден рбетот.

Од МВР најавија повеќе информации по завршување на увидот.