Со гордост ја споделувам мојата активна улога на меѓународната конференција, која се одржа во Загреб, Хрватска. Овој значаен настан ги собра истакнатите претставници од академскиот врв, експерти и носители на одлуки, со цел продлабочување на разбирањето за ромските правни традиции и нивната улога во современото општество.
Во мојот говор ја истакнав важноста на инклузијата на Ромите во општествените и правните процеси. Нагласив дека реформите во оваа област се клучни за подобрување на статусот на ромската заедница, со акцент на правната заштита, пристапот до образование и економските можности.
Како резултат на дискусиите и заклучоците од конференцијата, беше донесена Загребската резолуција, која претставува значаен чекор во унапредувањето на правниот статус на Ромите во Европа и Западен Балкан. Оваа резолуција повикува на поголема правна заштита, признавање и интеграција на ромското обичајно право во националните правни системи.
Нашето учество на овој настан ја зацврсти посветеноста кон создавање поправедно и инклузивно општество за сите. Веруваме дека преку заеднички напори и меѓународна соработка можеме да придонесеме за подобра иднина за ромската заедница.

Говорници
- Сузана Крчмар, претседател на Ромскиот сојуз во Хрватска, КАЛИ САРА
- Вељко Кајтази, иницијатор и претседател на организацискиот одбор
- Милорад Попович, претседател на одборот за човекови права на националните малцинства
4.Неждет Мустафа, заменик-министер за односи меѓу заедниците на Република Северна Македонија - Иван Коприч, Декан на правниот факултет на Универзитетот во Загреб
- Стјепан Лакушич, ректор на Универзитетот во Загреб
- Велимир Неидхарт, претседател на ХАЗ
- Иван Маленица, претседател на Парламентот на Р.Хрватска и претседател на Уставниот Одбор
9.Давор Божиновиќ, претседател на Владата на Р. Хрватска
