Пет повредени од Кочани се во критична состојба, девет пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре

Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата“, рече Таравари.