Неждет Мустафа:

Посета на делегација од Црна Гора во Министерството за односи меѓу заедниците.
Денес заменик министерот Неждет Мустафа оствари работна средба со делегација од Црна Гора составена од владини претставници и претставници од невладиниот сектор. На средбата се разговараше за унапредување на меѓуетничките односи со посебен осврт на ромското прашање и интеграција на Ромите во двете општества, размена на добри практики и продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Оваа посета е уште еден чекор во насока на градење на инклузивни општества засновани на меѓусебно разбирање и почитување.
Заклучок на средбата беше ваквите работни состаноци, на кои се разменуваат заеднички искуства, се неопходни и треба да станат дел од агендите како на министерствата така и на сите страни вклучени во процесот на интеграција и кохезија.