А.Д.(23) од Скопје вчера во 20.40 часот во СВР Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
Г.К. потоа ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода. Притоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци