Уште една тешка несреќа со многу повредени се случила во Македонија, овој пат на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од улицата ,,Мислешески пат“ и улицата ,,Едвард Кардељ“ во Струга, вчера околу 17 часот.
МВР денеска информира дека несреќата се случила помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишниот М.А. од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот скопјанец Д.П. кое било во сопственост на МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од селото Младо Нагоричане, кумановско, инаку двајцата полициски службеници, а повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник, 27-годишниот Д.К. од Скопје и возачот М.А. а повредите биле констатирани во Општа болница Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга