ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЉУПЧО КОЦЕВСКИ: Владата го задолжи министерство за правда да ја почне процедурата

Владата на денешната седница го задолжила Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на Државниот јавен обинител Љупчо Коцевски. Ова го објави портпаролката на Владата, Марија Митева

Според Законот за јавното обвинителство, републичкиот обвинител го избира и го разрешува Собранието, а го предлага Владата и тоа од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Како што наведе како причини се разочараноста надвор од законските надложности, системот кој не функционира, нарушена доверба и нефункционалност на правдата.

Таа наведека и според индексот на Транпаренси може да се види дека 4 од точките кои се случиле во обвинителство и судство како и одлуката за вд шеф на вишотот ЈО во Скопје е незаконска.

Љупчо Коцевски беше избран за републички јавен обвинител пред една година.

Премиерот Христијан Мицкоски досега повеќе пати го обвини Јавното обвинителство дека не си ја работи работата и дека кога органите на прогон требало да преземат мерки за гонење на некој функционер, обвинителите добивале дијареа и висока температура. Премиерот неодамна рече и дека имаат мнозинство во Собранието да го сменат обвинителот Коцевски.