Курс по ромски јазик
Почитувани заинтересирани кандидати за изучување на онлајн курсот по ромски јазик, историја и култура,
Би сакале да Ве информираме дека онлајн курсот продолжува со своите активности.
Доколку сакате да бидете дел од овој онлајн курс за изучување на ромскиот јазик, култура и историја, можете да се пријавите и да станете дел од него. Пријавувањето трае до крајот на месец февруари 2025 година на e-mail адресата: office@iromaniunion.org.
Курсот е организиран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје при УКИМ и Интернационалната Ромска Унија – ИРУ.
Заинтересираните кандидати може да се пријават за:
Почетното А ниво – три месечна онлајн настава.
Напредното Б ниво – три месечна онлајн настава (само за кандидати кои веќе поседуваат сертификат за А ниво).
Онлајн курсот по ромски јазик, култура и историја ќе се одржува од март до мај 2025 година. По завршувањето, сите успешни кандидати ќе добијат официјален сертификат заверен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје при УКИМ и Интернационалната Ромска Унија – ИРУ.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат e-mail со следните податоци: име и презиме, e-mail адреса, телефонски контакт и држава.
@пратилаца