Македонско село од 2019 година до сега не функционира и по основ на тоа што не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот ние како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари“, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Првиот пат кога кажав дека сакам да заживее селото, можам да кажам дека има премногу заинтересирани. Ако нему не му се исплатело, зошто би имало сега повеќе луѓе кои се заинтересирани да стопанисуваат со тој објект? Практично тој комплекс има околу 12 засебни куќички со капацитет од 120-150 места за сместување, три ресторани, односно два ресторани и еден винотека или кафе бар. Сметам дека може да е профитабилен комплексот и затоа е таква заинтересираноста, вели Томовски.
Томовски истакна дека почетната сума за селото би била 240 милиони денари.