Ѓорѓиевски: Целосно е реконструирана улицата „101“ во Волково

Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка, објави Ѓорѓиевски.