Соединетите Американски Држави планираат да упатат официјална покана до рускиот претседател Владимир Путин за учество на претстојниот самит на Г-20, кој треба да се одржи во декември во Мајами. Самитот ќе биде организиран во приватното одморалиште на американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително му дава на овој настан специфична политичка тежина, пренесува „Вашингтон Пост“.Од Стејт департментот потврдија дека ставот на Трамп е кристално јасен – Русија е добредојдена на состаноците на Г-20. Иако официјалните покани сè уште не се испратени до светските лидери, високи претставници на администрацијата за „Вашингтон пост“ потврдија дека Русија, како полноправна членка на групата, ќе биде вклучена во сите нивоа на состаноци, вклучувајќи ги и министерските средби и самитот на лидери.
ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ПОКАНИ ПУТИН НА Г-20 – Голем рестарт во Мајами?